Едноставна и брза верификација на COVID сертификати

Ефикасна проверка на валидност на COVID сертификати на посетителите и мониторинг на исполнетост на капацитет на локал/објект

CovidPass Checker - платформа

CovidPass Checker е дигитална платформа наменета за верификација на COVID сертификати (за вакцинација, прележана болест или негативен тест).
Платформата може да се користи во угостителски објекти, при организација на настани (спортски, културни итн) големи трговски објекти како и на други места каде има потреба од верификација.
CovidPass Checker ви овозможува верификација на сертификатите на безбеден и ефикасен начин, при што дополнително може да се следи и зафатеноста на капацитетот на локал/објект.

Компоненти на платформата

Директна верификација на национален и меѓународни COVID сертификати*

Мобилната апликација е наменета за верификација на COVID сертификати на брз и едноставен начин, без притоа да се складираат било какви лични податоци за посетителите.
Дополнително, апликацијата на корисникот му овозможува увид во исполнетоста на капацитетот на локацијата, односно управување со бројот на посетители согласно важечките правила. (За да се користи оваа опција потребно е да се регистрира и излезот на посетителите).
Апликацијата може да ги отчита (скенира) вакциналните сертификати кои содржат QR код со информации за дигитална верификација. На овој начин верификацијата на сертификатот се одвива на многу побрз,побезбеден и безконтактен начин, како за посетителот така и за лицето задолжено за проверка. Скенирањето може да се врши како од хартиен сертификат така и од сертификат прикажан на мобилен уред.

Мобилната апликација можете да ја превземете од порталот, откако ќе се најавите како демо корисник.

Централно управување и конфигурација

Порталот служи за централно управување, конфигурација и мониторинг на работата на системот за една или повеќе локации /објекти кои ги има корисникот.
Преку порталот се регулира и контролира пристапот на мобилните уреди до системот (односно најавата во системот) преку генерирање на уникатен QR код за секоја локација кој може да се искористи само од еден уред.
Порталот има опција за дневен преглед – журнал на регистрирани влезови и излези кои се анонимизирани односно не носат никакви податоци за посетителот кој влегол или излегол од локалот/местото.
Корисникот може да го ажурира капацитетот на локациите соодветно на потребите или барањата.

Како функционира

Логирање на оператор

Операторот се најавува во мобилната апликација преку скенирање на QR код, кој претходно се генерира на веб порталот .

Се скенира кодот на сертификатот на посетител

Скенирањето се врши од хартиен сертификат или од мобилен уред. Во случај да се приложи потврда за примена прва доза која нема QR код возможно е регистрација на влез без скенирање.

Верификација

Се прикажуваат податоците од верификацијата на сертификатот. Доколку е во ред се регистрира влез на посетител. Во случај на невалиден сертификат системот јавува предупредување.

Карактеристики на платформата

Безбедна и безконтактна дигитална верификација на COVID сертификати

Спречување на употреба на фалсификувани или невалидни сертификати

Проверка на сертификати и од други земји (EU DCC, Р.Србија, Р.Косово) или од меѓународни системи (CommonPass)

Централнизиран систем за најава на мобилните уреди за скенирање

Следење на исполнетост на локации и нотификација при пополнување на капацитетот со цел да не се надмине дозволениот број посетители

Достапен во реално време преку интернет конекција, со ниска потрошувачка на податочен сообраќај

Безбедно управување со личните податоци на посетителите, без нивно складирање во системот

Поддржани Android уреди (наскоро достапно и за iOS)

Технички карактеристики

Децентрализација

Податоците за верификација на сертификатите се складирани во системи на институциите задолжени за спроведување на вакцинацијата. Платформата ги користи само за увид и верификација на оригиналноста на приложениот сертификат, без притоа да ги зачувува или обработува тие податоци

Минимизација на податоци

Во системот се користи минимален сет на податоци кои е потребен за успешна верификација на сертификатите.

Анонимизација на податоци

Во системот се зачувуваат податоци за регистриран влез или излез на посетител, но без било какви референци кон неговите лични податоци, во склад со Законот за заштита на лични податоци.

Глобална достапност

Пристап буквално од било која точка преку интернет конекција, што го прави системот погоден за користење и на издвоени локации, доколку таму има пристап до мобилна интернет конекција.

Безбедни комуникациски канали

Сите комуникации помеѓу елементите на системот се заштитени и безбедни од упад или пресретнување

Често поставувани прашања

Новововедените мерки за пристап до угостителски објекти, молови и присуство на групни настани на вакцинирани или лица кои ја започнале вакцинацијата, како и ограничувањето на капацитетот, мораме да признаеме дека не се нималку популарни, но сепак треба да се почитуваат во насока на сузбивање на пандемијата и опстанок на бизнисот и економијата. Кога веќе е нужно нивно почитување и спроведување, брзата адаптација кон нивна примена и минимизирање на влијанието од тоа врз бизнисот е од клучно значење. Во таа насока, користење на систем за верификација на валидноста на сертификтите и контрола пополнетоста на капацитетот на локалите/објектите овозможува ефикасен и безбеден начин на примена на мерките, а притоа го минимизира ризикот од пропуштање на невалидни, позајмени или фалсификувани сертификати, како и надминувањето на дозволениот капацитет на присутни.

CPC системот може да се користи секаде каде што се налага верификација на вакцинален статус на посетители или вработени - организација на разни настани, влез во трговски центри или други објекти/институции, како и во угостителски објекти.

Со оваа платформа можат да се верифицираат вакциналните сертификати кои ги издава Министерство за здравство на РСМ вклучувајќи и ЕУ Дигитален Ковид Сертификат. Покрај тоа, системот може да ги верифкува и сертификатите издадени во Република Србија,Република Косово како и CommonPass сертификатите од глобалниот систем за управување со сертификати за вакцинација, прележан COVID19, негативен ПЦР или антиген тест на организацијата CommonTrust.

Во моментот системот целосно е функционален за сертификат издадени во Република Србија,Република Косово, со оглед на значителниот број на наши граѓани кои ја реализираа вакцинацијата во соседството.

CovidPass Checker платформата е хибриден систем кој се состои од две целини: веб портал за конфигурација и администрација и мобилна апликација со која се спроведува скенирањето и регистрацијата. За нејзино користење потребни се вообичаена работна станица и мобилни уреди (смарфони) со пристап до интернет.

За користење на мобилната апликација не се потребни специјализирани уреди туку вообичаени смартфони или таблети со пристап до интернет и камера со кој може да се скенира QR код. Моментално апликацијата е достапна само за Android уреди , но наскоро ќе биде достапна и верзијата за iOS.

Со регистрацијата како клиент – корисник на платформата, добивате корисничко име и лозинка за пристап до веб порталот. Во него имате достап до локациите на кои ќе го користите CovidPass Checker кои претходно согласно Вашите информации се најавени од наша страна. Во порталот може да го ажурирате капацитетот по локација, да вршите увид во дневна статистика на влезови и излези по локација и да генерирате QR кодови за најава на мобилните уреди. Мобилната апликација можете да ја превземете од порталот, откако ќе се најавите како демо корисник. За да може еден мобилен уред да се користи за скенирање и регистрација, потребно е на почетокот да го скенирате со него QR кодот кој се генерира од порталот и со тоа да го најавите уредот за користење. По најавата, операторите со мобилните апликации можат да започнат со верификација на вакцинални сертификати преку скенирање и да регистрираат влезови или излези (опционално) на посетители на соодветната локација.

Оваа постапка го заменува класичниот начин на најава со корисничко име и лозинка и е попрактичен поради тоа што корисниците кои вршат проверка на сертификати не мораат да памтат кориснички имиња и лозинки, туку пред започнувањето на должноста треба од приказот на порталот само да го скенираат кодот. Секој QR код е уникатен и носи информација за локацијата на која ќе се користи уредот. Исто така го контролира и времетраењето на најавата во системот и дозволува употреба на апликацијата до 10 часа.

За лицата кои својот статус го покажуваат со приложување на потврда за започнат процес на вакцинација системот дозволува регистрација на влез со кликање на копче за регистрација, без да се скенира и провери валидноста на документот.

Оваа функционалност се базира на регистрацијата на влезови и излези на посетители. Значи за да биде коректна информацијата, при излез на посетител треба да се регистрира излезот. Излезот може да се регистрира само со кликање на копче на апликацијата или со скенирање и регистрација на излез. Системот постојано го калкулира бројот на регистрирани влезови и излези во текот на еден ден и на база на тие податоци ја добивате информацијата за зафатеност. Оваа функционалност е полезна за корисници кои имаат флуктуација на посетители, како и за настани на кои бројот на посетители е однапред познат и нема флуктуации во текот на настанот.

Регистрацијата на излези е достапна можност во системот, но секој корисник сам одлучува дали ќе ја користи. Напоменуваме дека таа е задолжителна доколку корисникот сака да ја мониторира и пополнетоста на капацитетот на локацијата.

Пред се да напоменеме дека платформата НЕ складира, обработува или зачувува никакви лични податоци на посетителите и е целосно во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци. Приказот на податоците при верификација на сертификатите е само за увид во нив при што тие се повлекуваат од системите на официјалните издавачи на вакциналниот сертификат (пр. Министерство за здравство на РСМ) и се прикажуваат на мобилниот уред за да се потврди автентичноста на приложениот сертификат од посетителот.

Контакт информации

Адреса

КОДЕКС КОМПЈУТЕРИ

Ристо Миов бр. 17,
Кавадарци

Контакт

+389 43 400 500
+389 72 315 331
+389 70 324 027

Е-меил

info@covidpass.mk

info@codex.mk

Работно време

Понеделник - Петок
8:00 - 16:00

Успешно! Пораката е успешно пратена !
Неуспешно! Пораката не е успешно пратена !
Loading
Your message has been sent. Thank you!